Грчкиот тренер Димитрис Итудис претстави револуционерен план за Евролигата и нејзината иднина. Тој презентираше идеја во иднина Евролигата да има 30 екипи, како што е во НБА, со што ќе се зголеми конкуренцијата.
Итудис кажа дека кошарката е најдобриот спорт за него, затоа што брзо се игра и одлуките се носат во секунда.
„Евролигата е секогаш конкурентна и слоганот кој вели: „Секој натпревар е важен“ навистина покажува што е Евролига. Сега треба да видиме како да развиеме нешто друго во тој спорт. Можеби сум субјективен, но за мене кошарката е најдобриот спорт затоа што се игра брзо, одлуките се носат во секунда, а има простор за уште подобри работи, за да можеме сите да дадеме мислење како да бидеме уште подобри одлична соработка со челниците на Евролигата“ вели Итудис и додава:
„Сонувам кога ќе ја видиме Евролигата со 30 екипи. Се разбира, тоа не е нешто што може да се случи веднаш. Стигнавме до 18 екипи, одиме на 20, па на 24 и сонувам за тој број 30 бидејќи таа бројка е во НБА лигата, се разбира, потребно е многу. Треба да разговараме со луѓето кои ги водат домашните лиги за да воспоставиме соработка, за да создадеме начин тие лиги да бидат нешто како Г лигата во Америка, да служат за развој на играчите. Сите се согласуваат дека Евролигата е најсилната натпреварувачка лига, а така и навивачите се показател за тоа што се гледа и што ги интересира“, смета грчкиот стручњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА