Димитрис Итудис нема да седне на клупата на кошаркарската репрезентација на Грција откако реши да ја одбие понудата што ја доби од својата татковина. Причина за ова е ставот на раководството на ЦСКА Москва, кое не му дозволи на својот стратег во текот на летото да се посвети на репрезентативен ангажман, со што за време на Евробаскет 2017 ќе пропуштеше голем дел од подготовките за следната сезона.
„За мене ќе беше огромна чест да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Сепак, по разговорите со ЦСКА и со луѓето од грчката федерација, увидовме дека е невозможно да се вклопат двата календари, без да дојде до поклопување на обврските. И ЦСКА и грчката репрезентација го заслужуваат моето целосно внимание на патот кон успехот. Секогаш сакам да помогнам на националниот тим, верувам дека во иднина ќе се поклопат работите за да седнам на клупата на Грција“ – изјави Итудис.
Грција е дел од групата А на Евробаскет 2017, каде нашиот јужен сосед за противници ќе ги има репрезентациите на Полска, Франција, Словенија, Финска и на Исланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА