Одличен настап на македонските џудо репрезентативци на Балканското првенство за јуниори кое се одржа во Тирана, Албанија.
Ива Богдановска освои бронзен медал, а за малку без одличје остана Анамарија Стојмиловска која заврши на петтото место во својата категорија.
Богдановска во борбата за бронзата беше поуспешна од репрезентативката на Грција, додека Стојмиловска загуби во битката за трето место од репрезентативката на Турција.
На првенството како членови на македонската репрезентација настапија и Лилјана Недановска, Азра Заими, Сергеј Димитријоски и Никола Магдески.
За денеска на Балканското првенство остануваат уште настапите на Борјана Поп Атанасова како и натпреварот во микс тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА