Ива Пројковска дебитираше на „Копа Америка“

Нашата најдобар женски фудбалски судија, интернационалката Ива Пројковска, која се наоѓа во групата на 20 најдобри елитни судии во Европа, на мечот помеѓу Еквадор и Перу заедно со своите асистентки Џулиа Темпелстини од Италија и Ирагорце Фернадез од Шпанија дебитираше на традиционалниот „Копа Америка“ на кој учествуваат најдобрите женски фудбалски репрезентации од Америка.

Првенството годинава, 10 по ред се одржува од 12 јули до 2 август во Еквадор на кој учествуваат 10 репрезентации поделени во две групи.

Во групата „ А“ играат : Аргентина, Еквадор, Уругвај, Чиле и Перу, во „ Б“ групата Бразил, Венецуела, Колумбија, Парагвај и Боливија.

Мечот Еквадор-Перу се играше во главниот град на Еквадор, Кито на 12 јули, а потоа на 19 јули Пројкоска повторно беше главен судија на натпреварот од втората група меѓу Венецуела и Боливија.

На првенството судат 10 судиски тројки од земјите учеснички, плус за првпат и судиска тројка од Европа на чело со нашата Ива Пројковска како претставници на УЕФА што е на вистина големо признание.

Инаку, Пројковска е единствен македонски судија што има судено надвор од Европа. Мината година судеше и на светското првенство, фудбалерки до 20 години во Колумбија.

Таа на навивачите на Еквадор им донесе голема радост со победата против Перу бидејќи на првиот меч на првенството, на отворањето играше нерешено со Уругвај 2:2.

Венецуела пред победата против Боливија играше нерешено со Колумбија 0:0, а загуби од Бразил со 2:0

М.М

Се вчитува...