Нашиот најдобар женски фудбалски судија Ива Пројковска, која се наоѓа во елитната група меѓу 20 најдобри европски судии имаше свое деби на светското првенство за жени, фудбалерки до 20 години што се одржува во Колумбија од 3. до 17. септември.
Таа беше главен судија на мечот од Ф групата меѓу Северна Кореја и Аргентина, победија кореанките дури со 6-2. И помагаа: Линда Шмит од Швајцарија и Камила Сориано од Франција. Четврти судија беше Маја Петровиќ од Хрватска. Ива Пројковска е прв судија од Македонија кој судел на едно светско првенство.
Што е уште поинтересно, ниту еден судија од Македонија досега, нема судено на било која репрезентација на Северна Кореја и на Аргентина, ниту на некој клуб од овие држави. Натпреварот се одигра пред околу 3.000 гледачи во градот Кали кој има 2.300.000 жители.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

