Ива Пројковска го судеше мечот САД-Парагвај на СП во Колумбија

Ива Пројковска, нашиот најдобар женски судија, продолжува со своите успешни настапи на Светското фудбалско првенство што се одржува во Колумбија, фудбалерки до 20 години, на кое ја делат правдата на зелениот терен и петте најуспешни европски судии од елитната група меѓу кои е и нашата интернационалка.

Откако со успех го отсуди натпреварот од „Ф“ групата во градот Кали меѓу Северна Кореа и Аргентина, од Судиската комисија на ФИФА беше одредена да го суди мечот меѓу САД и Парагвај /7:0/ на стадионот  „Ел Тахо“ во Богота во рамките на „ Ц“ групата пред околу 2.500 гледачи. И помагаа: Линда Шмит од Шајцарија и Камила Сориано од Франција. Четвти судија беше Сузана Кoрела од Еквадор.Интересно е да се напише дека ниту еден фудбалски судија од Македонија никогаш не им судел на било која од репрезентативните селекции на Северна Кореа, Аргентина, САД и Парагвај. Таа чест засега ја има само нашата Ива Пројковска. Не веруваме и дека некој судел на стадион во град кој има повеќе од 6 милиони жители како што има Богота.

Денес во Колумбија каде настапуваат  24 репрезентации поделени во шест групи се игра третото коло  кога ќе бидат познати 12 репрезентации кои ќе ги продолжат натпреварите за пласман во завршните борби за титулата светски првак.

 М.Мицковиќ

Се вчитува...