Ива Пројковска ќе им суди на Гркинките против Словенија

Најдобрата македонска судијка, интернационалката Ива Пројковска од страна на Судиската комисија на УЕФА е одредена да го суди квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Грција и Словенија кој ќе се игра денеска во Лариса. Таа на последниот семинар во Истанбул доби сертификат за ВАР судија и сега ќе може да ги суди најтешките натпревари во Лигата на шампионите и квалификациските мечеви за светското и европското првенство.

На денешниот дуел во Лариса ќе и помагаат Вјоса Изеири и Весна Спирковска-Тофиловска, а четврта судијка ќе биде Ангела Рајчевска.

Пред неколку дена нашиот втор контролор на меѓународната листа, поранешниот судија Димитар Мечкаровски го контролираше судењето, исто така на квалификацискиот меч за  настап на Светското првенство меѓу женските репрезентации на Словенија и Велс кој се одигра во Марибор.

М.М.

Се вчитува...