Ива Пројковска ќе му суди на Челси

Како да нема одмор за најдобрата женски  фудбалски судија во Македонија, интернационалката Ива Пројковска која се наоѓа во елитната група на 24 најдобри судии во Европа. Само што се врати од Прага каде на 18 јануари го судеше одложенио меч  од групната фаза во лигата на европските шампиони за жени  меѓу Славија и Санкт Полтен од Австрија /0:1/,  доби повторно нова задача од Судиската комисија на УЕФА.  Пројковска ќе  биде главен судија во  6 коло од групната фаза  во лигата на шампиони за жени во Париз на 30 јануари меѓу ФЦ  Парис и Челзи од Лондон. Ќе и помагаат Елена Соклеска Илиевска и Франка Овертон од Холандија. Четврти судија е Ирена Велевачкоска. Судењето ќе го контролира Марија Луиса Гутиерез од Шпанија.

Во оваа група  „Д “ води Челзи  со 11  бода пред Хакен/ Норвешка/ со 8, ФЦ Парис 7 и Реал Мадрид 1 бод. Во елитната група на најдобрите 24 европски женски судии, во која се наоѓа  Ива Пројковска, од државите на поранешна Југославија во неа  се и Ивана Мартинчевиќ од Хрватска и Јелена Цветковиќ од Србија. Од  Балканските  држави на списокот се уште Елени Антониу/Грција/, Елена Димитриу и Алина Песу/Романија/.

М.М.

Се вчитува...