Ива Пројковска ќе суди мечот Олимпик Лион – Атлетико Мадрид

Нема одмор за нашиот најдобар женски фудбалски судија Ива Пројковска. На 14 декември во Мароко беше четврти судија на мечот меѓу пракот на Мароко АС ФАР и шампионот на Кина Вухан во рамките на завршните борби на Светското клупско првенство за жени, а веќе наредниот ден, без да се враќа во Македонија, од работата во Франција.

Таа од Судиската комисија на УЕФА е одредена за главен судија на натпреварот во групната фаза во Лигата на шампионите меѓу Олимпик Лион и Атлетико Мадрид што ќе се одигра на 17 декември во Лион. Ќе и помагаат нејзината сонародничка Елена Соклевска-Илиевски и Словенката Саша Спур. Четврти судија е Александра Чесен, исто така од Словенија. Ова е уште еден доказ за членовите на судиската комисија на УЕФА имаат доверба во извонредните судиски квалитети на Ива Пројковска која се наоѓа во елитната група на 20 најдобри судии во Европа.

Во групната фаза во Лигата на Европските шампиони за жени учествуваат 18 екипи, се игра по еден меч. По одиграни пет кола Олимпик Лион се наоѓа на второто место со 13 бода, четири победи и едно реми, додека Атлетико Мадрид е на 11 место со 7 бода. Најдобрите 12 екипи продолжуваат понатаму, на 18 декември во Цирих со ждрепка ќе бидат одредени двојките за натамошните натпреварувања во борба за титулата европски фудбалски шампион во женска конкуренција.

М.М.

Се вчитува...