Ива Пројковска ќе суди во Австрија, Игор Стојчевски во  Бугарија

Судиската комисија на УЕФА  ја одреди нашата најдобра женски  фудбалски судија Ива Пројковска за главен судија на мечот мегу Австрија и Германија што ќе се одигра вечерва во Виена во рамките на .Лига на нации, А група, Ќе и помагаат Словенката Сташа Спур и Елена Соклевска –Илиевска.

Четврти судија ќе  биде Ангела Рајчевска, на која ова ќе и биде втор меународен натпревар.

На покана на Фудбалската федеравија на Бугарија, македонска судиска тројка ,  на 6 јуни ќе го суди пријателскиот меч меѓу Бугарија и Кипар шгто ќе се одигра  во Пловдив. Главен судија ќе биде Игор Стојчевски, ќе  му помагаат Кристијан Џонов и Вјолса Изеири. Четврти судија ќе  биде од Бугарија.

М.М

Се вчитува...