И првите натпревари во октомври на меѓународната фудбалска сцена не може да минат без претставници на Фудбалската федерација на Македонија во комисиите на УЕФА. Нашата најдобра женски судија, интернационалката Ива Пројковска, која се наоѓа во групата на 20 елитни европски судии, на 15 октомври ќе суди во Белгија.
Таа е одредена да биде главен судија во Лигата на европски шампиони на денешниот меч меѓу Лувен од Белгија и холандскиот тим Твенте во второто коло во групната фаза. Ќе и помагаат Елена Соклевска – Илиевски и Тамара Цветановиќ, четврти судија ќе биде Ангела Рајчевска.
Единствена жена делегат на мечевите на УЕФА од Македонија, Александра Пејковска исто така на 15 октомври доби задача од УЕФА. Таа е одредена да биде делегат на реванш мечот во женската Лига на Европа во второто квалификационо коло во Виена меѓу домашната екипа Австрија и Славија од Прага.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

