Нашиот најдобар женски судија, интернационалката Ива Пројковска доби уште едно признание од Судиската комисија на УЕФА. Таа е одредена за главен судија на реванш четвртфиналниот меч во Лигата на шампионите меѓу германскиот клуб Волсбург и Арсенал од Лондон. Средбата се игра на 31 март . Првата средба во Лондон заврши без победник 1:1.
Интересно е да се напише дека на овој натпревар нејзините помошнички нема да бидат од Македонија. Ќе и помагаат Алмира Спахиќ од Шведска и Поликсена Иродогу од Кипар. Четврти судија ќе биде Тес Олоксен од Шведска.
Последните средби во Лигата на шампионите ќе бидат и тестирање за главните и помошните судии кои ќе бидат потоа одредени да судат летово на Европското првенство. Од Македонија само Ива Пројковска, која е во групата на 20 најелитни женски судии ќе може да суди на европскиот шампионат./М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА