Ива Пројковска ќе суди во Норвешка

Нема одмор за нашиот најдобар женски фудбалски судија, интернационалката Ива Пројковска. Таа пред две недели го судеше реванш четвртфиналниот меч во Лигата на шампионите меѓу германскиот клуб Волфсбург и Арсенал од Лондон /2:1/, но повторно доби нова задача од Судиската комисија на УЕФА.

Пројковска ќе биде главен судија на мечот меѓу репрезентациите на Норвешка и Полска што ќе се одигра во Осло на 12 април во рамките од квалификациите за Светското првенство . Во Осло ќе и помагаат Вјоса Изеири и Елена Соклевска Илиевски, четврти судија ќе биде Ирена Велевачкоска.

Ќе патува и Комесарот за безбедност и идентитет на ФФМ Роберт Марковиќ кој на 14 април во Франција, во Лион ќе се грижи по налог на УЕФА за безбедноста на реванш мечот во Лигата на Европа меѓу Олимпик Лион и Вест Хем од Англија. Првиот меч заврши без победник 1:1. Со оглед дека минатиот месец, Марковиќ беше задолжен за безбедноста во Конференциската лига на Европа меѓу белгискиот Генк и ПАОК од Солун, тоа најдобро говори дека добро си ја извршува поставената задача. /М.М/

Се вчитува...