За младата македонска фудбалски судија, интернационалката Ива Пројковска како да нема одмор во текот на годинашнава есенска сезона на меѓународната сцена. Туку што се врати од Холандија и Грузија, повторно ќе патува, овојпат за Шведска. Судиската комисија на УЕФА ја одреди за главен судија на мечот од групната фаза во Лигата на европските шампиони за жени меѓу шведскиот првак Хакен и Реал Мадрид кој ќе се одигра на 23. ноември во Гетеборг.
На Пројковска ќе и помагаат Елена Соклевска Илиевски и Вјолца Изеири, а четврти судија ќе биде Ирена Велевачкоска Ристевски. Ова е вторпат како Пројковска му суди на Реал Мадрид бидејќи веќе му судеше на мечот со Пари Сен Жермен.
Покрај Хакен и Реал Мадрид, во оваа Д група во Лигата на шампионите се наоѓаат уште и англискиот првак Челзи и францускиот Пари Сен Жермен. Во првото коло постигнати се овие резултати: Хакен – Пари Сен Жермен 2-1, Реал Мадрид-Челзи 2-2.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА