Нема одмор за Ива Пројковска, најдобриот судија во Македонија во женска конкуренција која речиси и не ја распакува торбичката со судиска опрема, бидејќи постојано добива покани од судиската комисија на УЕФА за да суди на меѓународните натпревари во Европа.
Само што се врати од Торино каде беше четврти судија на мечот во женската Лига на шампиони меѓу Јувентус и Волсбург, од УЕФА пристигна нова покана. Пројковска отпатува за Лоѓ каде беше главен судија на натпреварот меѓу женските репрезентации на Полска и Холандија кој се играше во рамките од квалификаците за светското првенство кој заврши без победник 2:2. И помагаа Елена Соклевска –Илиевски и украинката Светлана Грушко. Четври судија беше Сабина Борич од Хрватска.
Да потсетиме пред мечевите во Торино и Лоѓ, Ива Пројковска престојуваше на Кипар каде што се одржуваше редовен семинар пред новата сезона на кој присуствуваа најдобрите европски судии во машка и женска конкуренција кои полагаа тестови и физички норми и кои беа задолжителни за да можат да судат во новата сезона меѓународни натпревари во Европа.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

