Ива Пројковска во елитната женска група на европски судии

Од Судискиот комитет на Европската фудбалска федерација /УЕФА/ пристигнаа убави вести за македонските фудбалски судии. Интернационалката, со знакот на ФИФА Ива Пројковска, на последниот состанок на Комитетот е префрлена од прва во елитната група на најдобрите 20 судијки во Европа што е навистина големо признание за оваа млада девојка.

Таа е прв судија од Македонија што се наоѓа во елитната група и може да ги суди најтешките натпревари во европските купови, исто така и на светските и европски првенства. Пројковска пред извесно време, на семинарот во Истанбул со успех го положи тестот за ВАР судијка. Во Македонија сертификат за ВАР судија го има само нашиот најдобар судија Александар Ставрев ,кој е единствен од Македонија кој се наоѓа во првата група на најдобрите судии во Европа.

Ова не е се ,има уште едно признание од Судискиот комитет на УЕФА за нашите фудбалски судии. Само по една полусезона, откако се на меѓународната листа, двајцата наши судии, Дејан Јакимовски /долго паузираше поради повреда/ и Игор Стојчевски се префрлени од трета во втората група на судии во Европа и од новата сезона ќе можат да судат првенствени натпревари на националните А репрезентации како и во квалификациите за европските купови.

Есенва, Јакимовски отсуди три меѓународни натпревари. Тоа се Казахстан-Данска /играчи до 21 година./ Апоел-Каират /младинска лига на шампиони/ и пријателскиот меч меѓу Косово и Јордан.

Игор Стојчевски ги судеше овие средби: Андора-Велс /21 година/, Португалија-Велс/19/ /Велс-Казахстан/19/ на турнирот во Португалија, пријателскиот меч меѓу Бугарија и Грузија. Беше и главен судија на претквалификациона средба за европските купови, меѓу клубовите Ноа и Купс во Ереван.

И двајцата според критериумите на Судискиот комитет на УЕФА, отсудените натпревари на полусезона и добиените оценки од контролорите заслужија да судат во повисок ранг од млади селекции и пријателски средби ./М.М/

Се вчитува...