Иван Чупиќ го облече дресот на ППД Загреб

По завршувањето на сезоната еден од најголемите милинеци на македонската публика, Иван Чупиќ ќе го напушти Вардар и ќе премине во редовите на хрватскиот шампион ППД Загреб.

Чупиќ во Вардар стигна во 2016 година, а со „црвено-црните“ успеа двапати да слави во Лигата на шампионите, а вечно во срцата на вардаровите фанови ќе остане неговиот гол во финалето против ПСЖ кој ја донесе првата историска титула за скопскиот тим. Тој во моментов е на подготовки со Хрватска воочи квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио. На еден од тренинзите тој заедно со Жељко Муса позираа во дресот на ППД Загреб, кој официјално ќе го носат и двајцата ракометари од следната сезона.

 

Се вчитува...