Иван Чупиќ: Не чека бурна пролет, битка за титула и за Европа…

Вардар ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија.

Не е никаква тајна дека „црвено-црните“ ги очекува битка за враќање на трофејот во своите витрини, по цели три години, а тоа му е сосема јасно и на тренерот Иван Чупиќ кој е свесен дека тимот го чека предизвикувачка пролет.

„Реализиравме еден квалитетен прв дел, но свесни сме дека дури сега доаѓа она вистинското. Пролетва не чека битка за титулата во првенството, настапот во Европа, а тука е и Купот во кој исто така секако посакуваме трофеј“ – истакна Чупиќ на денешниот прв собир, притоа дополнувајќи:

„Првата фаза ќе ја работиме без репрезентативците, без репрезентативците од Полска и без Митровиќ и Боно, а знаеме дека Лазаревски сега по повредата повторно ќе биде со нас што е голем плус. Што се однесува до бековската линија, досега ги имавме Борозан, Талески и Хориха. Двајца заминаа а го доведовме Жоао Силва кој може да игра на неколку позиции во нападот“.

Се вчитува...