Вардаровиот ракометар Иван Чупиќ го одигра последниот натпревар за Хрватска во денешната победа против Чешка во битката за 5. место на Европското место.
Чупиќ по средбата ја шокираше хрватската спортска јавност со најавата дека става крај на репрезентативните настапи.
„Денеска го одиграв последниот натпревар за Хрватска. Сакам да се заблагодарам на моето семејство кое ми беше огромна поддршка. Не сум подготвен да дадам 300% за Хрватска и мислам дека е најчесно да се збогувам. Ако не можете да дадете толку не ни заслужуваш да бидеш тука. Се обидов на овој турнир колку што можев, им благодарам на сите за овие изминати 12 години“ – рече Чупиќ по дуелот со Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА