Иван Ивановски е ново засилување на Гостивар

Новајлијата во Првата македонска фудбалска лига Гостивар, продолжува со составување на тимот кој во пролетниот дел од сезоната ќе има високи аспирации.

Нова аквизиција во таборот на гостиварци e искусниот играч за врска Иван Ивановски. Ивановски во таборот на Гостивар доаѓа од редовите на кавадаречки Тиквеш каде ги мина претходните две и пол години.

Покрај во Тиквеш, Ивановски во кариерата ги бранеше и боите на Силекс и Звијезда од Босна и Херцеговина.

 

Се вчитува...