Иван Николов и Сефер Емини стрелци за триумф на Сондерјиске (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци Иван Николов и Сефер Емини се клучните фигури на данскиот второлигаш Сондерјиске кој сезонава е со сериозни амбиции за влез во Суперлигата.

Николов и Емини беа стрелци на двата гола за својот тим во денешната гостинска победа над тимот на Хобро од 1-2.

Најпрво Емини погоди во 24.минута за водство од 0-1, а откако домашните израмнија, потоа следеше голот на Николов во 53. минута за победа на Сондерјиске.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...