Играчот од средниот ред Иван Николов, не е повеќе дел од дански Сондерјиске. Тимот денеска објави дека го прекинува договорот на шест месеци пред неговиот истек, кој истекуваше во јуни 2026 година.
Тој минатата сезона мина како позајмен во Вендсисел, и се врати на почетокот на сезонава во Сондерјиске, но не доби шанса за настап, по што двете страни се договорија за раскин.
Николов во минатото беше дел од Брегалница, АП Брера и Вардар. Од Брегалница во 2023 година замина во Сондерјиске.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

