Иван Николов со деби гол за Сондерјиске (ВИДЕО)

Македонскиот младински репрезентативец Иван Николов, го постигна својот прв гол за данскиот тим Сондерјиске. Тој погоди во дуелот со Хорсенс во 21. минута, и така носејќи водство за својот тим.

Откако доби топка по левата страна и го доби дуелот со противничкиот играч, стрелаше во мрежата, а од тогаш почна „бродоломот“ на гостите. Николов играше од 74. минута кога беше заменет, а од првата минута стартуваше и Сефер Емини кој беше заменет во 62. минута.

Емини исто како и Николов има еден гол во досегашниот тек на првенството во Данска.

Се вчитува...