Македонската репрезентација составена главно од фудбалери од домашното првенство утре од 16:3о часот во Абу Даби, ОАЕ, ја очекува пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија.
Селекторот Благоја Милевски пријателскиот дуел ќе го искористи за контрола на потенцијалните репрезентативци на кои би можел да смета и за квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2024 кој стартува во март следната година.
Еден од нив и фудбалерот од средниот ред на штипска Брегалница, Иван Николов, кој е и капитен на младата селекција на Македонија.
„Среќен сум што добивам можност за настап и во најдобрата репрезентација на Македонија. Ова е шанса за сите нас пред селекторот Милевски да ги потврдиме своите квалитети. Верувам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот. Минуваме добри подготовки и јасно е дека секогаш кога се игра во националниот дрес желбата е победа на секој натпревар. Така ќе биде и утре против Саудиска Арабија. Сите сме максимално мотивирани за целосно надигрување со противникот“ – вели Николов.
Натпреварот меѓу Саудиска Арабија и Македонија ќе може во живо да го следите на каналите на Арена спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА