Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, како што пренесуваат италијанските медиуми, добил понуда на животот. До Интер е пристигната понуда од кинески Шангај Шенхуи во висина од 25 милиони евра.
30-годишниот Перишиќ во 2015 година од Волфсбург пристигна во Интер за 19 милиони евра, а оваа сезона во дресот на миланскиот клуб одигра вкупно 45 натпревари, постигнувајќи и девет погодоци.
Перишиќ сега доби понуда по која би заработувал 12 милиони евра по сезона, со што би можел да стане најскапоплатен хрватски спортист во историјата, со оглед на тоа дека Лука Модриќ заработува 8 милиони евра по сезона.
Сепак, Интер не е задоволен од понудата. „Нераѕурите“ од Кинезите бараат 35 милиони евра за услугите на Перишиќ. Покрај тоа постои интерес и од Арсенал за кој Хрватот е повеќе заинтересиран, без разлика на парите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА