Приказната околу потпишувањето на Иван Перишиќ со хрватскиот великан Хајдук е повторно активирана.
Перишиќ би можел да го напушти Тотенхем и да дојде во Хајдук веќе во зимскиот преоден рок, пренесуваат британските медиуми.
Преодниот рок хрватскиот шампионат започнува на 18. јануари и ќе трае до 15. февруари. Тренерот на Спурс, Енџи Постекоглу, исто така изјави дека Перишиќ повеќе нема да игра за лондонскиот клуб. Хрватскиот фудбалер одигра 50 натпревари за Тотенхем со еден гол и 14 асистенции.
Перишиќ моментално е на рехабилитација по операцијата на која мораше да се подложи по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено во средината на септември 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА