Фудбалерите на Шкендија од вчера се во Милано, а синоќа гостин во хотелот на македонскиот вицешампион беше и хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ. Посетата не беше случајна, Перишиќ дојде на покана на Ферхан Хасани, со кого заедно играше во тимот на Волфсбург пред да дојде во Интер.
Хрватот им посака среќа на тетовските „црвено-црни“ пред дуелот со неговиот градски ривал Милан, а Хасани се пофали со фотографијата на својот инстаграм профил, со порака „Прекрасно време со поранешниот соиграч… Фала за посетата Иван Перишиќ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА