Иван Перишиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ пружа блескави партии во ПСВ Ајндховен. Холандското првенство е крајно неизвесно, а во Ајндховен не размислуваат само како да го прескокнат Ајакс, туку и за иднината на Перишиќ. Според холандските медиуми, неговиот договор ќе биде првото прашање на кое ќе се занимава спортскиот директор Ерни Стјуарт.

Хрватскиот репрезентативец се уште нема донесено конечна одлука дали ќе остане и ќе потпише нов договор за ПСВ, или ќе ја смени средината со оглед на тоа што нема да недостигаат понуди. Игор Тудор, тренерот на Јувентус, наводно сака да го доведе Перишиќ во Торино.

„Хрватот може да избира меѓу големи клубови, а Јувентус многу лесно може да тргне по него. ПСВ сака да го задржи Перишиќ барем до летото 2026 година и му нуди нов договор“, пишуваат холандските медиуми.

Перишиќ во Италија беше дел од Интер.

Се вчитува...