Иван Перишиќ заминува од Тотенхем

Иван Перишиќ е пред заминување од Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми. Хрватскиот репрезентативец пристигна во Лондон претходното лето, но по промената на тренерското место кое го наследи Постекоглу за него повеќе нема место тимот.

Неговата замена би можела да биде Марк Кукуреља, бекот на Челси кој по одличните настапи за Брајтон се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во трансфер вреден 65 милиони евра кој сепак не им се исплатеше на „сините“. Шпанецот не ја преслика играта од Брајтон, а веќе ова лето би можел да ја промени средината.

Следната дестинација на Перишиќ останува непозната, но гласините се дека може да се врати назад во Хајдук. 34-годишникот им вети на навивачите на сплитскиот тим дека еден ден ќе се врати дома, а останува да видиме дали тоа ќе биде ова лето.

Се вчитува...