Иван Ракитиќ се збогува со хрватската репрезентација

Долгогодишниот хрватски фудбалски репрезентативец, Иван Ракитиќ веќе нема да игра за националниот тим соопшти попладнево Хрватскиот фудбалски сојуз. За репрезентацијата дебитираше во 2007 година, забележа 106 настапи, постигна 15 гола. Во моментот на повлекувањето, Ракитиќ е на четвртото место според борјот на настапи за хрватската селекција.

Иван Ракитиќ кој во моментов е играч на Севилја беше еден од клучните играчи во походот на Хрватска до среброто на Светкото првнество во Русија во 2018 година кога ги реализираше решавачите пенали во дуелите против Данска и портив Русија.

 

 

 

 

Се вчитува...