Името Иван Тричковски со златни букви ќе биде испишано во историјата на АЕК Ларнака. Македонскиот интернационалец со денешниот настап против Аполон за 258 пат го облече дресот на кипарскиот клуб со што стана фудбалерот со најмногу настапи во историјата.
Македонецот е дел од АЕК Ларника од 2016 година, а веќе ги доби епитетите најдобар голгетер во историјата на клуб и најдобар интернационален голгетер во историјата на кипарското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА