АЕК Ларнака ја продолжува активно битката за титула во шампионатот на Кипар, и тоа благодарение само на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски.
Тричковски беше двоен стрелец за АЕК во гостинската победа од 2-3 против Ермис во 25. коло. Македонскиот фудбалер стрелаше уште во 1. минута од средбата за водство од 0-1, а потоа во 32. минута погоди и од белата точка за 0-2…
Во второто полувреме, гостите преку Хевел успеаја да дојдат и до 0-3, а потоа домашните само го ублажија поразот.
По најновите два гола, Тричковски со вкупно 14 сезонава се искачи на третото место на листата на најдобрите стрелци во Кипар. АЕК, пак, со 55 бода е на само четири бода од водечкиот АПОЕЛ, кој има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА