Иван Тричковски нов играч на АЕЛ Лимасол

Искусниот македонски фудбалер Иван Тричковски, останува на Кипар и следната сезона ќе игра во дресот на АЕЛ Лимасол. Досегашниот фудбалер на АЕК Ларнака, потпиша едногодишен договор.

Тој после девет сезони го напушти тимот на АЕК Ларнака, за кого одигра 278 натпревари, и постигна 138 голови, со што се запиша во историјата на овој клуб.

„Управниот одбор на АЕЛ објавува склучување на соработка со искусниот фудбалер Иван Тричковски, со едногодишен договор. Срдечно му посакуваме добредојде на Иван во семејството на АЕЛ и му посакуваме успех во новиот предизвик со сино-жолтите бои“, стои во соопштението на АЕЛ.

Тричковски во минатото беше дел на Легија, Ал Наср, Бриж, Беверен, АПОЕЛ, Црвена Звезда, Енозис, Работнички и Вардар. Беше дел и од националниот тим на Македонија, чиј дрес го носеше на 65 натпревари.

Се вчитува...