Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, имаше несреќа на вчерашниот меч против Неа Саламис во Купот на Кипар. Тој мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда, и поради сериозноста на истите, веднаш бил пренесен во болница.
Како што пренесуваат кипарските медиуми, станува збор за повреда на грбот по која Тричковски веднаш на носилки бил изнесен од теренот, а потоа со возило пренесен и во болница. Сепак, после детални испитувања се покажало дека повредата не е сериозна, и Тричко уште синоќа бил пуштен дома.
Според прогнозите, Тричковски ќе го нема само неколку дена, и нема да настапи за АЕК Ларнака престојниот викенд против Арис Лимасол.
Неа Саламис го доби натпреварот со убедливи 4-0, а после натпреварот во објава на социјалните медиуми му посака на Тричковски брзо опоравување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА