Ивана Кметовска е МВП на женското финале во кошарка (ФОТО)

Екипата на Баскет кам е старо-нов кошаркарски шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција.

Девојките од Македонска Каменица беа подобри од својот противник во големото финале, екипата на Крива Паланка. По двете домашни победи, вечерва стигнаа и до првата на гостински терен од 49-67, и пресудна, за максимални (3-0) во финалната серија на плеј-офот, и нивна четвртта по ред титула во серија, што ги прави еден од најтрофејните женски кошаркарски колективи во Македонија.

Веројатно и немаше многу дилеми во изборот на тоа и кој ќе го понесе признанието за најкорисен играч во оваа финална серија која го промовираше Баскет кам во старо-нов шампион на Македонија.

Ивана Кметовска одигра на врвно ниво на сите три одиграни натпревар во финалето на плеј-офот, а во денешниот натпревар повторно беше најдобра, забележувајќи 28 поени, па сосема заслужено ја доби и наградата за МВП на финалето.

Се вчитува...