Ивана Шпановиќ ги пропушта ЛОИ во Париз?

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ ја повреди ахиловата тетива десетина дена пред Олимписките игри кои се одржуваат од 26. јули во Париз.

Имено, таа поради болки мораше да го прекине натпреварувањето во Италија.

„Го прекинавме натпреварувањето. Не сакавме ништо да ризикуваме. Чувствуваше остра болка во ахиловата тетива на десната нога. Потколеницата е добра, но во скокот го имаш тоа туркање со спротивната нога во претпоследниот чекор, малку е подолг, затоа ваква повреда почесто се случува на таа нога“, изјави нејзиниот тренер Горан Обрадовиќ.

Шпановиќ на натпреварот прескокна 6,29 метри, што е скромно за нејзините апетити.

Се вчитува...