Вардар го совлада Загреб ППД со 25-20 во дуелот од Лигата на шампионите во „Јане Сандански“, водејќи буквално од самиот старт на натпреварот. После еден таков развој на настаните, јасно е дека загрепчани можеа само да му честитаат на македонскиот првак и грешките да ги бараат во своите редови.
„Честитки за заслужената победа на Вардар. Ние од отворањето на мечот имавме проблеми напаѓачки и Вардар тука се одлепи. Бековската линија грешеше и тоа бееше клучно. Во вториот дел дојдовме на рамноправмна игра , но, за жал во моментите кога можевме да се приближиме, не успеавме да ја подигнеме играта, повторно направивме многу грешки. Ние му овозможивме на Вардар повторно да се одлепи“, изјави тренерот за Загреб ППД, Силвио Ивандија по поразот во Скопје.
Лука Мраковчиќ исто така призна дека „вардарци“ денеска во „Јане Сандански“ беше подобар ривал.
„Лошо го отворивме мечот и Вардар тоа го искористи, направи 5-6 гола разлика која ја одржуваше речиси во текот на целиот меч. Во вториот дел малку го подигнавме нивото на игра, но тоа не беше доволно. Малку и немавме среќа во одредени моменти. Ќе се обидеме да го заборавиме овој меч и да се подготвиме за следниот дуел со Целје“, истакна Мраковчиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА