Иванишевиќ е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Прославениот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ е нов тренер на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Откако го тренираше Марин Чилиќ, Томаш Бердих и Милош Раониќ, Иванишевиќ започна соработка со првиот светски рекет. Веќе се појавија и првите фотографии на кои се гледа заедничкиот тренинг на двоецот, иако се уште не е познато дали се работи само за привремен ангажман или планот е да се работи на долги патеки.

Ѓоковиќ се подготвува за Вимблдон, кој во минатото Иванишевиќ исто така го освојувал. Во тимот на Новак секако останува и Мариан Вајда, неговиот долгогодишен тренер.

Се вчитува...