Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ емотивно говореше за дисквалификацијата на првиот рекет на светот од УС Опен. Србинот беше казнет по еден несмасен потег кога ја погоди линиската судијка со топче по лицето.
„Шок. Не го видов моментот, но кога ја слушнав жената како дише, одма знаев дека тоа е тоа. Најтрагично е што тој воопшто не беше лут кога го изгуби тој поен. Тоа беа две ужасно е**ни минути. Не знам што да кажам. Не говорам само поради Новак, мене дисквалификацијата ми е тешка глупост, особено ако е вака ненамерно. Не сум објективен да, но според мене не требаше да биде дисквалификуван, бидејќи топчето не одеше со 130 километри на час, тоа се глупости луѓе. Има лоши луѓе кои му ја извртуваат секоја негова изјава, не знам зошто го имаат на пик. Но, Ноле е голем шампион и ќе се врати после ова. Има реални шанси да го освои Ролан Гарос, а ако тоа се случи сето ова ќе биде заборавено“, изјави Иванишевиќ.
Новак Ѓоковиќ пред Ролан Гарос ќе настапи на Мастерсот во Рим кој почнува во понеделник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

