Новак Ѓоковиќ стана рекордер по бројот на освоени грем-слен трофеи откако во неделното финале на Ролан Гарос славеше против Каспер Руд за 23. голема титула во кариерата. Србинот претходно стана и рекордер на бројот на недели поминати на врвот на АТП листата со што се чини дека се реши дилемата за кој е најдобар тенисер на сите времиња.
Бар така размислува тренерот на српскиот ас, Горан Иванишевиќ кој вели дека навивачите на Федерер и Надал секогаш ќе ја имаат дебатата, но бројките говорат сами за себе.
„Навивачите на Федерер и Надал секогаш ќе дебатираат на тоа. Кој сака каков тенис, чиј тенис е подобар, поубав за гледање. Но, доколку ги погледнеме резултатите и се што Новак освои во последните 10 години, и билансот помеѓу нив тројца, неделите поминати на врвот на АТП листата, едноставно нема споредба“, вели поранешниот хрватски тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

