Иванишевиќ има нова работа

Горан Иванишевиќ е новиот тренер на Елена Рибакина, потврди Русинката, која настапува под знамето на Казахстан.

Рибакина го потврди ова партнерство на прес-конференција организирана во Ријад во пресрет на завршниот турнир на ВТА. Таа ќе биде во група со Арина Сабаленка, Јасмин Паолини и Чинвен Џенг. Иванишевиќ и Рибакина ќе соработуваат од 2025 година.

Хрватскиот стручњак во март годинава се раздели со Новак Ѓоковиќ, кому му помогна да освои 12 Грен слем титули. Рибакина ја заврши соработката со поранешниот тренер Стефан Вуков пред УС Опен, каде Елена реши да се повлече пред натпреварот од второто коло.

Најголем успех во нејзината кариера е титулата на Вимблдон во 2022 година.

Се вчитува...