Легендарниот Горан Иванишевиќ во интервју за „Тајм“ вели дека би го изненадило ако Рафа Надал и Роџер Федерер се вратат на врвот на АТП листата.
„Роџер и Рафа се меѓу најдобрите тенисери на сите времиња, но искрено не верувам дека повеќе може да се вратат на врвот. Со Новак е сосема поинаква приказна. Секогаш знаев дека ќе се врати на врвот. Се сеќавам дека пред Вимблдон му кажав на неговиот тренер дека Ноле ќе го освои турнирот. Бев во право иако во тој момент беше 21-ви тенисер во светот“ – истакна Иванишевиќ и дополни:
„Ѓоковиќ е Србин, јас сум Србин но и двајцата сме исти Балканци и размислуваме поинаку во однос не луѓе од други краишта од светот. Не ни е грижа за бројните. Сетете се дека јас бев 125-ти на светот кога го освоив Вимблдон. Новак ќе биде најдобар во светот и во 2019 година. Верувајте!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА