Иванишевиќ: Попрво јас ќе го освојам Умаг, отколку Ноле што ќе игра на УС опен

Тренерот на еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ говореше околу настапот на Србинот на последниот гранд-слем во сезоната, УС опен.

Новак Ѓоковиќ поради тоа што одбива да се вакцинира најверојатно нема да добие шанса да настапи на американскиот слем, а иако целиот тениски свет очекува организаторот да му дозволи настап, во тоа не верува ниту Иванишевиќ.

„Поголем сум оптимист јас да го освојам Умаг, ако ми дадат специјална покана, отколку Новак Ѓоковиќ да настапи на УС опен. Тешка и тажна година. Се почна во Австралија, а мислам дека одлуката на АТП да не дава поени на Вимблдон беше грешна“, изјави Иванишевиќ. 

Се вчитува...