Младинците на Аз Алкмар се освојувачот на овогодинешното издание на Лигата на Шампионите откако во големото финале славеа со убедливи 5-0 против хрватски Хајдук Сплит.
И покрај поразот младите фудбалери на Хајдук во својата земја ќе бидат пречекани како херои, а поранешниот тенисер и во моментов тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ им испрати емотивна порака по големиот успех.
„Секој пораз боли и е тежок, но за жал не е ниту прв ниту последен. Не е секој пораз еднаков, а овој ваш е посебен затоа што ја направивте горда Хрватска, а особено Сплит и сите фанови на Хајдук каде и да се“, напиша Иванишевиќ.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА