Иванишевиќ со нов ангажман: Тренер на Циципас!

Хрватскиот стручњак Горан Иванишевиќ е нов тренер на грчкиот тенисер Стефанос Циципас!

Како што пренесува грчка „Газета“, нивната соработка ќе започне по Ролан Гарос. Двајцата ќе почнат да се подготвуваат заедно за дел од сезоната на трева, во која Хрватот го освои единствениот грандслем во играчките денови.

Иванишевиќ долги години беше дел од тимот на Новак Ѓоковиќ, а по разделбата со српскиот тенисер кратко беше во тимот на Елена Рибакина, а сега се впушта во нов предизвик со 26-годишниот тенисер.

Во моментов Циципас е осми тенисер во светот, а деновиве се бори да ја одбрани титулата на Мастерсот во Монте Карло. Стигна до четвртфиналето каде следен противник ќе му биде Лоренцо Муцети.

Се вчитува...