Иванковиќ: Олимпијакос е силен, но добро го анализиравме

Охрид се соочува со најголемиот европски предизвик во клупската историја, двомечот со грчки Олимпијакос во рамките од четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп.

Охриѓани фуриозно стигнаа до билет за ова четвртфинале, но на сите им е јасно дека вистинските предизвици допрва претстојат, почнувајќи од претстојноото гостување во Атина.

„Пред нас е тежок натпревар во Атина против Олимпијакос. Играме со ривал што е многу квалитетен, со големи имиња во својот состав. Имавме десетина дена да се подготвиме за овој важен натпревар, направивме добра анализа и тактика и сигурен сум дека ќе одговориме на предизвикот. Верувам дека секој еден од нас ќе биде мотивиран и подготвен за дуелот кој ќе ни открие многу за реваншот во „Билјанини Извори“, изјави хрватскиот бомбардер во редовите на Охрид, Анте Иванковиќ.

Првиот дуел меѓу Олимпијакос и Охрид е закажан за недела (28 март) со почеток во 16 часот.

Се вчитува...