Максимално бурни беа последните 24 часа во Виртус Болоња, италијанскиот вицепрвак најпрвин загуби на домашен терен од „фенерџијата“ Алба, за тренерот Банки веднаш по тој неуспех да си поднесе оставка.
Управата во прв момент ја одби оставката на италијанскиот стратег, но откако тој остана цврст во ставот да го напушти кормилото на овој клуб веднаш беше почната потрага по нов стратег. Изборот беше направен експресно, а првите разговори веднаш вродија со плод – Душко Ивановиќ ќе биде шеф на стручниот штаб на Виртус Болоња најмалку до крајот на оваа сезона.
Црногорскиот стратег беше еден од двајцата главни кандидат заедно со екс-тренерот Александар Ѓорѓевиќ, но поранешниот тренер на Црвена Звезда и Басконија експресно ги договори условите за соработка по што вечерва и официјално беше претставен за нов кормилар на Виртус Болоња. Тој своето деби на клупата ќе го има веќе утре, и тоа на домашниот дуел токму со својот поранешен клуб Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА