Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ го прослави католичкиот Божиќ со фотографија на која е фотографирана покрај мала елка и оган. „Божиќни утра“, напиша таа, на што доби низа честитки за големиот празник.
На тие фотографии таа покажа и скап часовник Ролекс, кој беше повлечен од продажба во 2025 година и на секундарниот пазар неговата цена достигнува повеќе од 200.000 евра.
Ова беше турбулентна година за Ана Ивановиќ, бидејќи се разведе од Бастијан Швајнштајгер. По повеќе од 10 години љубов и девет години брак, двајцата официјално се разделија и ставија крај на врската во која имаат три сина, Лука (2018), Леон (2019) и Тео (2023).
Ана Ивановиќ го дочекува крајот на годината опкружена со семејството и пријателите, па затоа често објавува фотографии на кои може да се види како ужива со своите најблиски.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

