Виртус Болоња во продолжението од сезоната нема да смета на услугите на Рикардо Висконти со кој официјално беше раскината соработката бидејќи не е во плановите на црногорскиот стратег Душко Ивановиќ.
Отказот на Висконти кој не доби шанса во Евролигата доаѓа непосредно пред гостувањето кај Црвена Звезда во првиот натпревар од двојното коло во најелитното кошаркарско натпреварување.
Висконти нема долго да биде без клуб бидејќи е во завршна фаза од преговорите за премин во шпанското првенство каде ќе ги брани боите на Гранада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА