Шампионката на Ролан Гарос од 2008 година, Ана Ивановиќ вели дека не жали што предвремено се пензионирала. Ивановиќ, која во текот на кариерата извесен период беше првопласирана во светот, се повлече од професионалниот тенис во 2016 година.
После тоа, таа се посвети на сопругот Бастијан Швајнштајгер и децата, а неодамна одговараше на прашања на следбениците на мрежата Х. Таа вели дека тоа било вистинска одлука за неа и дека воопшто не жали за тоа што во 2016 го напушти тенисот.
„Мислам дека тоа беше вистинската одлука во тоа време. Сега имам прекрасно семејство и повремено играм тенис, се разбира“, рече Ивановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

